На булеварот „Митрополит Гологанов“, во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“, на самите семафори експлодираше автомобил „сеат ибица“, објави порталот„Фактор“.
Според сведоци на несреќата, нема повредени.
Дојде пожарникарска екипа за пет минути и веднаш го изгаснаа возилото. Сите се обидовме да помогнеме. Предниот дел, кај моторот, се беше запалено, за среќа нема повредени, велат очевидци на несреќата за Фактор.
Фото: Фактор