📽 ГОРЕШЕ СКУЛПТУРА ВО СРЦЕТО НА ЕУ Трактори втор ден го блокираат Брисел

Не е првпат да горат споменици во Брисел. Во 1871 година на плоштадот „Луксембург“ историска скулптура била запалена откако претходно била демонтирана.

210

Пожари од молотови коктели пламнаа на плоштади и околу споменици во Брисел. Градот втор ден е запоседнат од големиот протест на земјоделците кои ги извадија своите трактори. Не е првпат да горат споменици во Брисел. Во 1871 година на плоштадот „Луксембург“ историска скулптура била запалена откако претходно била демонтирана.

Репортер за српски Н1 јавува дека пред пожар има и пред зградата на европарламентот, дека пепел лета на сите страниа, а затворени се неколку клучни улици и тунели.






Според „Бриселски Тајмс“ 1.000 трактори стојат на плоштадот „Луксмбург“. На плоштадот биле испразнети колички со измет, а запалени два пожари. Десетици трактори го блокираат Плоштадот Де Меус од понеделникот. Повеќето трактористи се млади Белгијци од југот, но има и земјоделци од Италија.

 

– Сега на плоштадите има околу 1.000 трактори – изјави портпаролот на градската полиција во Брисел, додавајќи дека во целиот град има околу 1.300 такви возила.

 

– Кога станува збор за културното наследство, ова е неприфатливо. Од симболична гледна точка, тоа е ужасен срам – изјави Ив Руже, претседател на УНЕСКО во Белгија.

 

Протестите во Белгија започнаа во понеделникот, а блокирано беше и пристаништето Антеверпен.

Земјоделците со своите трактори протестираат во повеќе земји вклучувајќи ги Германија и Франција. Протести има и во Солун во Грција.

 

Поврзани содржини