📽️ ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБУВНА ВО ФАБРИКАТА „НИКОМ“ ВО КАВАДАРЦИ Пожарникарите се на терен, ќе се утврдува штетата
Утрово, од Противпожарната единица потврдија дека пожарот бил локализиран околу 01.30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.
Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01.30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.
За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари, а на терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Засега нема детали за пожарот и последиците од него.
Фабриката „Ником“ произведува дрвна амбалажа и поседува ладилник за земјоделски производи.