ГОРЕЛЕ КАБЛИ ЗА БАКАР, ПА ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР Малолетник и уште две лица од Куманово заработија кривични пријави

МВР поднесе пријава за „предизвикување општа опасност“, а кумановци предупредуваат дека „Бавчи“ со години е критична точка за пожари.

115

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против три лица од градот, меѓу кои и 14-годишник, поради предизвикување пожар во населбата „Бавчи“. Инцидентот се случил на 13 јули, кога осомничените запалиле кабли за да извадат бакар, а пламенот се проширил и зафатил сува трева во околината, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, пријавени се Р.Р. (29), А.А. (28) и малолетник на 14 години, сите од Куманово, за кривично дело „предизвикување општа опасност“.






Жителите на Куманово со години алармираат за вакви случаи, барајќи построг инспекциски надзор и санкции за несовесните граѓани кои палат отпад на отворено. Во текот на летниот период, со заклучок на општинскиот кризен штаб, беа формирани дежурни тимови кои патролираа на поширокото подрачје околу Спомен костурницата, населбата „Перо Чичо“ и „Бавчи“ – локација каде што редовно се палат кабли, стрништа и смет.

Според општинските податоци, повеќе од една третина од пожарите во урбаната зона на Куманово настануваат токму на овој потег, што предизвикува сериозни проблеми за граѓаните и ризик за нивната безбедност.

Поврзани содржини