📽 ГОРДОН РЕМЗИ ДОЖИВЕА ТЕШКА НЕСРЕЌА, ТЕЛОТО МУ Е ВО МОДРИНКИ Само една работа го спасила познатиот готвач
Познатиот британски готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое открива дека доживеал, како што вели, „тешка несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.
Познатиот британски готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое открива дека доживеал, како што вели, „тешка несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.
Во видеото, тој ја кренал својата готварска престилка за да открие големи виолетови модринки на неговото торзо.
„Доаѓа Денот на татковците и имам важна порака за сите татковци… Носете кацига!“, рекол тој, додавајќи дека се чувствува добро и дека не се здобил со потешки повреди, но дека телото му е покриено со модринки, поради што изгледа „како виолетов компир“.
View this post on Instagram
Познато е дека готвачот е страсен велосипедист, но овој пат доживеал несреќа. Како што кажа на Инстаграм, животот му го спасила само кацигата.
На крајот им се заблагодарил на персоналот во болницата каде што престојувал, но и порачал дека е среќен што носел кацига.
„Да не носев кацига, искрено немаше да бидам овде во моментов“, рекол Ремзи.