ГОРДОН ПИМ ОД ЕДГАР АЛАН ПО СТАНА ГОРДИОТ ПИМ Грешки и во учебникот по македонски за деветто оделение

Инаку, се работи за познат роман на Алан По: ,,Авантурите на ГОРДОН Пим", пишува македонистката Сања Котевска на Фејсбук.

377

Сања Котевска, мaкедонистка, на Фејсбук открива грешки во учебникот за деветто одделение, кој е во употреба од 2010 година. Таа вели дека грешките ги коригира со години.

– Во текстовите за проширување на знаењата постои извадок од ,,Авантурите на Гордиот Пим” од Едгар Алан По. Гордиот Пим!!! Инаку, се работи за познат роман на Алан По: ,,Авантурите на ГОРДОН Пим” – пишува таа.






Кај глаголските конструкции со „сум” и со „има”, авторите напишале дека глаголските конструкции во речениците се форми на помошниот глагол „сум” и глаголска придавка, иако во реченицата која служи за пример има конструкција од „сум” и придавка, а не глаголска придавка – „среќен” е придавка, но не е глаголска придавка.

– Кај наставната содржина за паралелна рима ставиле извадок од ,,Очи” (Ацо Шопов) и ,,Езеро” (Матеја Матевски), песни во кои има исклучиво вкрстена рима. Кај наставната содржина за обгрлена рима приложен е извадок од ,,Тешкото” (Блаже Конески) во кој има вкрстена рима, па учениците кои внимаваат најчесто се збунети, зашто очекуваат обгрлена рима, иако извадокот веројатно е приложен со цел да се повторат сите видови рими (тоа е задача за третата група), но и тоа нема смисла зашто, како што кажав, во ,,Тешкото” има само вкрстена рима – пишува Котевска.

– Учебникот е само помагало и среќа што тоа е така, но сметам дека тоа не ги оправдува ваквите лапсуси или незнаење, особено ако се земе предвид дека повеќето ученици се навикнати безрезервно да ги воспримаат информациите од учебниците – заклучува таа.

 

Поврзани содржини