ГОРДАНА ВЕЧЕР ВО КИЧЕВО, СТЕВО ВО ГЕВГЕЛИЈА, ВАНКОВСКА ВО КУМАНОВО Осми ден од кампањата за претседателските избори

Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.

611

Осми ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски ќе ги посети општините Дојран (16:00), Богданци (17:30), Валандово (18:30), централниот митинг ќе се одржи во Гевгелија (20:00).






Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Долнени (17:00), Македонски Брод (18:30) и Кичево (20:30).

Во 11:30 часот, кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи прес конференција на тема: Зелена агенда. Прес конференцијата ќе се одржи во Градскиот парк Скопје, во близина на „школката“.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе даде изјава за медиумите. (Седиште Движење ЗНАМ-За наша Македонија, линк на fb страната Максим Димитриевски/13:15)

Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања и ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Гази Баба (Плоштад Автокоманда, пред канцеларијата на Левица на ул. „Јани Лукровски“ бр.10. /17:00) и Куманово (Зграда на поранешен комитет/19:00).

Поврзани содржини