📽️ ГОРАТ КАМИОНИ ВО ВИЗБЕГОВО Пожар во дворот на компанијата Атлантик

Очевидци потврдуваат дека пожарот започнал на еден шлепер, но се проширил на два други. Според последните информации, постои ризик да бидат зафатени и други камиони.

6,384

Четири камиони се зафатени од пожар на паркинг во двор на фирмата Атлантик во скопската населба Визбегово, на Качаничкиот пат, а постои опасност и други камиони да бидат опожарени, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– На спротивната страна од патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. Веднаш по добиеното известување за пожарот, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и МВР беа информирани – велат од ЦУК.






Пожарот бил пријавен на бројот 112 во 21.14 часот. Очевидци потврдуваат дека пожарот започнал на еден шлепер, но се проширил на два други. Според последните информации, постои ризик да бидат зафатени и други камиони.

Поврзани содржини