ГОРАТ БАРАКИТЕ КАЈ РЕСТОРАНОТ „ТОМЧЕ СОФКА“ Пожарникарите со сите сили се борат со огнот (ВИДЕО+ФОТО)
Во моментов се обидуваме да го изгаснеме пожарот. На терен се излезени нашите екипи и се надевам дека за брзо време ќе успееме да го изгаснеме огнот, изјави Владимир Симоновски, командант на скопската противпожарна бригада.
Силен пожар попладнево избувнал во старите бараки во близина на ресторанот „Томче Софка“ во Скопје, каде што во минатото беше сместен Судот за прекршоци, а противпожарните екипи се излезени на терен и се обидуваат да го изгаснат.
Ова за Плусинфо го изјави Владимир Симоновски, командант на скопската противпожарна бригада.
– Во моментов се обидуваме да го изгаснеме пожарот. На терен се излезени нашите екипи и се надевам дека за брзо време ќе успееме да го изгаснеме огнот. Зафатени се старите бараки во близина на ресторанот „Томче Софка“, веднаш спроти Градскиот стадион. Штом го изгаснеме пожарот, веднаш ќе испратиме соопштение до јавноста и ќе информираме за настанатата штета – рече Симоновски.
Новинар на Плусинфо во моментов се наоѓа на местото на настанот, а како што пренесува, ситуацијата не е воопшто наивна.
Пожарникарите со сите сили се обидуваат да го стават пожарот под контрола, со цел да спречат ширење на огнот и евентуално зафаќање на ресторанот „Томче Софка“ кој е во непосредна близина на бараките.