ГОРАН МИСОВСКИ – ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ЛИДЕР НА НСДП Конгресот е закажан за 4 јуни
Предлог-одлуката била усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа „за“ од вкупно 17 члена на Извршниот одбор.
Извршниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на партијата го утврди актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски, информираат од НСДП.
„Извршниот одбор на НСДП на 26-тата седница одржана на 11 мај 2022 година врз основа на евидентираните предлози за претседател на НСДП од општинските организации, а согласно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за 5. Конгрес на НСДП, кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на НСДП, на Централниот одбор на НСДП, кој ќе се одржи на 14.5.2022 година му предлага да донесе Одлука за утврдување на единствен кандидат за претседател на НСДП – Горан Мисовски, потпретседател на НСДП“, соопшти партијата.
Предлог-одлуката била усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа „за“ од вкупно 17 члена на Извршниот одбор. Конгресот на партијата ќе се одржи на 4 јуни.