Скопјанец на својот Фејсбук профил сподели објава во која ја раскажува голготата на едно семејство кое морало да плати за да си го врати своето милениче од ЈП „Лајка “.
– На 1ви вечерта нивното милениче – кутре од расата американски стафордски териер од петарди се плаши и бега во паника од својот двор, од своите сопственици. Тие веднаш прават потера по него за да се најде но неуспешно,објавуваат на сите ФБ групи со слики од кучето како и парична награда за чесниот пронаоѓач, но од кучето нема ниу трага ни глас, некој ден потоа стига инфо до фамилијата дека кучето е во паркот за кучиња во општина Аеродром каде веднаш преставник од семејството чие е кутрето оди на лице место за да си го земе, но таму ги затекнува веќе пристигната екипа на ЈП ЛАЈКА И полиција од станица Аеродром. Семејството мислејки дека тоа е процедура се обраќа веднаш до ЛАЈКА од каде почнува голготата. Никој од ЈП Лајка не им дозволува да го видат кутрето и покрај доказите кој ги приложуваат сопствениците – вели скопјанецот Стефан Кирков кој во детали и со документација ја раскажува приказната на Фејсбук.