„Големото враќање“ на идентитетските профитери

И каде впрочем ќе си ја вратат државата? Во заедничкото им коалициско дувло што жареше и палеше низ Македонија седум-осум години? Во хаосот што го создадоа, во криминалот и корупцијата што го држеше системот длабоко потчинет на две партократски врхушки? Или – ќе ја носат во Дубаи? Тоа ли е големото враќање на куќниот совет на Филипче? Иако всушност јас, безмалку несвесно, го кредитирам „лидеро“ со враќањето, иако тој не мисли баш така. Тој бара – одземање, по секоја цена! Како замислува да го изведе тоа? Ќе активираат нова „Шарена револуција“?

364

Последното известување на Центарот за комуникации со јавноста на куќниот совет што глуми политичка партија некогаш нарекувана сдсм (малите букви се реален одра на нејзиниот рејтинг денес) вели дека неговиот „претседател“ испратил некаква порака од младинска трибина во Струмица. На содржината на пораката ќе се навраќам почесто и сега и деновиве, но она што прво паѓа в очи е посетеноста на таа „младинска трибина“. Според приложената фотографија од настанот, ако сте малку поупорни, ќе изброите одвај околу педесетина луѓе – што млади, што малку постари – заседнати на некој тревник во (веројатно) сенките на струмичкиот парк! И не ви е јасно кој со кого тука се мајтапи: Центарот за комуникации на куќниот совет со „претседателот“, тој со македонската јавност, Центарот сам со себе или куќниот совет со своите поддржувачи…?

Некој со право ќе рече дека тоа де факто е оптималниот број на нивната поддршка во македонското гласачко тело. Барем меѓу младите. Но нека е и така, меѓутоа кој ли „мудрец“ во нивниот Центар, или во врхушката, помислил дека тоа е нешто што треба јавно да се објави. Со помпа, со фалби…? И тоа пред избори? Ако е точна изреката дека фотографијата заменува илјада зборови, оваа заменува десет илјади. И открива, многу.






А сепак, да беше само тоа, јас можев едноставно да ја преобјавам фотографијата и – толку. Таа самата, јасно и гласно ќе го говореше тоа што го говори! Но, многу пострашно е она што таму се случувало односно она што таму го говорел „лидеро“, токму на тие педесетина млади луѓе, а со цел тоа, демек, да допре и до пошироката македонска јавност како порака пред избори. Тоа е погрдата, пострашната страна на нештата. И да не бидам погрешно разбран: никако, ама баш никако не мислам дека некому во Македонија, дури и на оние со оправдана одбојност кон оваа политикантска врхушка, му оди во прилог ваквата состојба на апсолутен распад на сдсм. Напротив. Зашто остатокот од актуелните македонски политички партии денес е уште поочаен, тие „ГГ“ фирмички немаат дури ни куќен совет! А тоа не е добро за земјата.

Но, за жал, уште полоши од фотографијата се генералните пораки на „лидеро“ до македонската јавност. На пример, тој вели: „да си ја земеме државата назад“! Од кого? Од оние кои на легални избори избраа друга политичка опција? За којашто гласало речиси половина од избирачкото тело? И таа држава, којашто „лидеро“ сака да си ја земе назад, чија е, на нивните татковци и мајки, на нивната булумента криминални пајташи? Наследство ли му/им е? И кои се тие што си ја бараат државата назад? Оние 15% од излезените гласачи, а меѓу нив Филипче, Каранфилова-Пановска, Шукова, Трпеновска, Спасовски…? И со што тие ја задолжија државата па сега си ја бараат назад? Или полека им снемуваат парите што ги испокрадоа па им треба нова тура?

И каде впрочем ќе си ја вратат државата? Во заедничкото им коалициско дувло што жареше и палеше низ Македонија седум-осум години? Во хаосот што го создадоа, во криминалот и корупцијата што го држеше системот длабоко потчинет на две партократски врхушки? Или – ќе ја носат во Дубаи? Тоа ли е големото враќање на куќниот совет на Филипче? Иако всушност јас, безмалку несвесно, го кредитирам „лидеро“ со враќањето, иако тој не мисли баш така. Тој бара – одземање, по секоја цена! Како замислува да го изведе тоа? Ќе активираат нова „Шарена револуција“? Ама онаа Дибл, шефицата на  usaid (малите букви се реален одраз на реномето на таа „агенција“ во светот!), си замина. И таа со некаква безобразна помпа. Имаше среќа – требаше да биде избркана!
Но, еве, дури и да се обврземе – на жими мајка – да им помогнеме на „лидеро“ и куќниот совет да си ја земат државата назад, дури и да ја вратат во оној „прогресивен“ хаос, што ни ветуваат: ни го ветуваат истиот „вистински европски пат“, оној за којшто нѐ лажеа во континуитет дека само што не се случил, дека сме пред портите но некој некаде го затурил клучот, па уште само „Северна“ Македонија, па уште само „Бугарите во Устав“… Но сето тоа не би било за ништо, од сето тоа ние би имале огромна полза, или поточно: „бенефитот е тоа што тоа ќе биде признание за нашиот идентитет“ (sic!).

Извинете, но по којзнае кој пат ќе прашам (иако одамна го знам одговорот): има ли еден, барем еден умен човек во тој куќен совет кој умее да ги одмери зборовите? Па и „ветувањата“? И зарем со тој катастрофален слоган тие сакаат да си ја земат државата назад? За некој, веројатно онаа „госпожа“ Урсула, или Калас, Марта „УДБА“ Кос…, да им го признае – идентитетот? Да им кажат – да, вие сте Македонци!? Па зарем никој во таа „партија“ не знае кој е и што е па за тоа им треба потврда односно признание од некој од еу (малите букви се…)? Каде, по ѓаволите, живееле овие „сегашни“ луѓе толку години? И како што, како Марсовци? И зарем навистина ќе се почувствуваат поголеми Македонци ако тоа им го каже некој однадвор, некој како оние три „грации“ од Брисел? Зарем сериозно нивото на идентитетската свест во овој куќен совет е на толку ниско рамниште што им е неопходно баш такво потсмешливо меѓународно „признавање“?

Или, дали сега, после цели десет дена од јавното прашање на Геровски до „лидеро“ дали ќе се осмели отворено да се откаже од поддршката на „бугарската кауза“ и ставовите на менторот Заев, на македонската јавност ѝ е јасен запрепастувачкиот молк на Филипче? Или ова всушност е неговиот одговор – дека тие чекаат еу да им го признае идентитетот па потоа евентуално да се изјаснуваат за Македонци?! И зарем никој во врхушката на тој куќен совет не разбира дека идентитетската каша во нивните глави е една – но сепак само една – од најголемите пречки во нивното прифаќање за репрезентативна македонска партија од страна на гласачкото тело?

Зашто, тоа е барем јасно како бел ден, тоа гласачко тело, какво-такво, го смета својот идентитет за суштинско прашање, независно дали некој го признава или не, дали го поставува како услов за некаков – како што порачал „лидеро“ – „многустран бенефит“ и слични будалаштини. И дека тоа гласачко тело, наспроти своите сериозни определби дури и за оваа и ваква еу, не е подготовено непромислено да го жртвува најсветото. Тоа се виде и со недвосмислениот одговор за „Преспанскиот договор“, а особено е јасно и за договорот со источниот сосед. А тоа се однесува посебно на младата популација, онаа на којашто наводно ѝ се обраќал „лидеро“ во Струмица!

Сѐ додека разнебитениот куќен совет не расчисти со нивните идентитетски небулози, платенички структури и врхушка која преку нив си го спасува задникот од тешки криминали, местото ќе им биде на опашката на македонската политика.

П.С.

И ене, се повторува истата слика и во Прилеп: „лидеро“ опкружен од „неброен“ народ од триесетина души „објаснува“ нешто за платите. Тие, сдсм, кои си ги покачија функционерските плати за цели 75%, сега го жалат „народот“ со ниски плати! Па дајте бре луѓе, нормални ли сте?

 

извор: теодосиевскиуметност

Поврзани содржини