ГОЛЕМО РЕМИ ЗА МАКЕДОНИЈА Барди со еврогол ги расипа очекувањата на „азурите“

За три дена Македонија гостува на Малта во рамки на 6 коло од квалификациите.

1,054

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи добрата традиција против Италија и вечерва одигра 1-1 на арената „Тодор Проески“ во рамки на 5.коло во квалификациите за Европското првенство 2024 година. Гостите поведоа, но Енис Барди со мајсторија од слободен удар ѝ донесе на Македонија голем бод.

Го почнавме натпреварот доста дефанзивно, а ниту очајниот терен на нашата национална арена не помогна многу. Италија доминираше и имаше четири добри шанси за гол, а најблиску беше Сандро Тонали, кој ја погоди стативата од голот на Столе Димитриевски. Најдобрата ситуација за гол за Македонија ја имаше Бојан Миовски во 19.минута, кога со глава биеше крај голот на Џанлуиџи Донарума.






Второто полувреме почна лошо за нашиот тим, бидејќи Италија поведе преку Чиро Имобиле во 47.минута. Капитенот на „аѕурите“ реализираше на одбиена топка откако Николо Барела ја погоди пречката.

Овој гол ја разбуди Македонија, која почна да игра многу поофанзивно и похрабро. Тоа резултираше со изедначување во 81-та минута. Елиф Елмас изнуди прекршок надвор од шеснаесетникот, а капитенот Барди мајсторски погоди од слободен удар во мрежата на Италија.

Најискусната фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешени 1-1 (0-0) против големиот фаворит Италија, во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Гостите поведоа со голот на Имобиле, но резултатот го израми  капитенот Барди со гол од слободен удар.

Го почнавме натпреварот доста дефанзивно, а ниту очајниот терен на нашата национална арена не помогна многу. Италија доминираше и имаше четири добри шанси за гол, а најблиску беше Сандро Тонали, кој ја погоди стативата од голот на Столе Димитриевски. Најдобрата ситуација за гол за Македонија ја имаше Бојан Миовски во 19 минута, кога со глава биеше крај голот на Џанлуиџи Донарума.

Второто полувреме почна лошо за нашиот тим, бидејќи Италија поведе преку Чиро Имобиле во 47 минута. Капитенот на „аѕурите“ реализираше на одбиена топка откако Николо Барела ја погоди пречката.

Овој гол ја разбуди Македонија, која почна да игра многу поофанзивно и похрабро. Тоа резултираше со изедначување во 81-та минута. Елиф Елмас изнуди прекршок надвор од шеснаесетникот, а капитенот Барди мајсторски погоди од слободен удар во мрежата на Италија.

За три дена Македонија гостува на Малта во рамки на 6 коло од квалификациите.

Поврзани содржини