ГОЛЕМО НАУЧНО ОТКРИТИЕ Мозочните бранови на парализиран човек претворени во говор

Ова е важен технолошки пресврт за лице кое не може да комуницира природно – вели Дејвид Мозес, инженер на Универзитетот во Калифорнија и Сан Франциско.

813

Американски истражувачи за првпат развија невропротетички уред, кој успешно ги пренесува мозочните бранови на парализиран човек во комплетни реченици, пренесува „PC Press“.

Истражувањето било извршено врз 36-годишен маж кој на свои 20 години доживеал мозочен удар, а тоа довело до анартрија – неможност да говори разбирливо, иако неговата когнитивна функција останала недопрена.






– Ова е важен технолошки пресврт за лице кое не може да комуницира природно – вели Дејвид Мозес, инженер на Универзитетот во Калифорнија и Сан Франциско.

Секоја година илјадници луѓе ја губат способноста за говор поради мозочен удар, одредена несреќа или болест. Досегашните истражувања во оваа област биле фокусирани на читање мозочни бранови со помош на електроди, за на тој начин да развијат протетика која им дозволува на корисниците да пишуваат букви. Целта на овој пристап била да се овозможи побрза комуникација.

Истражувачите на USCF претходно поставувале низи со електроди кај пациенти со нормален говор кои биле подложни на операција на мозокот, за да ги декодираат сигналите кои го контролираат гласовниот такт за изразување на самогласките и согласките, а со тоа да ги анализираат и предвидат зборовите.

Тимот одлучил да започне нова студија наречена „Brain-Computer Interface Restoration of Arm and Voice“, а првиот учесник побарал да биде наречен „BRAVO1“.

Откако „BRAVO1“ го претрпел неговиот катастрофален мозочен удар, тој имал исклучително ограничени движења на главата, вратот и екстремитетите. Истражувачите соработувале со „BRAVO1“ за да развијат вокабулар од 50 зборови кои се неопходни за неговиот секојдневен живот, односно „вода“, „семејство“, „добро“, а потоа хируршки му вградиле електрода над неговиот моторен кортекс.

Во текот на следните неколку месеци, тимот ја забележал неговата нервна активност додека се обидувал да изговори 50 зборови. За да тестираат дали работи започнале да му поставуваат прашања од типот „Како си денес?“ и „Сакаш ли вода?“, на што можел да одговори со „Јас сум многу добро“ и „Не сум жеден“, а сето тоа било снимено и претставено на екран.

Системот декодирал до 18 зборови во минута, со просечна точност од 75 отсто, со функцијата „автоматско корегирање“, слична како на мобилните телефони.

– Според наши сознанија, ова е прва успешна демонстрација на директно декодирање на целосни зборови од мозочната активност на човек кој е парализиран и не може да зборува – вели неврохирургот Едвард Чанг.

Поврзани содржини