Големо европско финале – Интер ќе напаѓа со Лукаку и Мартинез, Севиља ќе се крсти во Боно
Кормиларот на Севиља, Јулен Лопетеги, се одлучи за вообичаените 4-3-3 со опасното трио Окампос, Сусо и Ен-Несри во нападот, а и Антонио Конте не менуваше ништо, па се одлучи за своите најефикасни напаѓачи Лукаку и Мартинез.
Освојувањето на европскиот трофеј вечерва е подеднакво значаен и за италијанскиот Интер и за шпанската Севиља, а тоа може да се забележи и во самите „претпазливи“ состави и формации кои ги најавија двајцата тренери.
Кормиларот на Севиља, Јулен Лопетеги, се одлучи за вообичаените 4-3-3 со опасното трио Окампос, Сусо и Ен-Несри во нападот, а и Антонио Конте не менуваше ништо, па се одлучи за своите најефикасни напаѓачи Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.
Дуелот ќе почне од 21 часот на „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн.
Ова се почетните состави на двата тима:
Севиља (4-3-3): Боно – Хесус Навас, Кунде, Диего Карлос, Регулион – Банега, Фернандо, Џордан – Сусо, Ел Несри, Окампос.
Интер (3-5-2): Хандановиќ – Годин, Де Фрај, Бастон – Д‘Амброзио, Барела, Брозовиќ, Гаљардини, Јанг – Лукаку, Мартинез.