„ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИСКИТЕ ЧИТАНКИ“ Зеленски се огласи по украинскиот напад врз руските бази
Во посебна порака на Телеграм, Зеленски рече дека во операцијата биле користени 117 дронови и потврди дека „луѓето евакуирани од руска територија... сега се безбедни“.
„Секако, не може сè да се открие во овој момент, но ова се украински акции кои несомнено ќе влезат во книгите по историја. Украина се брани, и со право – правиме сè за Русија да почувствува потреба да ја заврши оваа војна. Русија ја започна оваа војна, Русија мора да ја заврши“.
Вака напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Икс.
Во посебна порака на Телеграм, Зеленски рече дека во операцијата биле користени 117 дронови и потврди дека „луѓето евакуирани од руска територија… сега се безбедни“.
Зеленски го пофали нападот врз неколку руски воздухопловни бази како „апсолутно брилијантен резултат“ за кој биле потребни година, шест месеци и девет дена.
Според украински извори, во акцијата се оштетени 40 руски авиони.
Според украинскиот претседател, оние кои учествувале во подготовката на операцијата биле повлечени од руска територија на време, и покрај претходните тврдења на руското Министерство за надворешни работи дека „некои учесници“ биле уапсени.