Голема железничка несреќа во Египет, повредени стотина патници (ФОТО)

Несреќата се случила кога неколку вагони излизгале од шините.

256

Најмалку 97 лица се повредени денеска во железничка несреќа во египетската провинција Калиобија, северно од Каиро, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Дел од локалните медиуми објавија дека во несреќата има и загинати.






Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Повеќе од 50 амбуланти се испратени на местото на настанот, кои ги пренеле повредените во три болници во покраината.

Несреќата се случила кога неколку вагони излизгале од шините.

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Железничките несреќи во Египет се чести, а во последната, на 20 март, кога се судрија два воза во близина на градот Тахт, загинаа 20 лица, а околу 200 беа повредени.

Поврзани содржини