🎥 ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО ЦРНА ГОРА, 45 УАПСЕНИ, 8 ПРОТЕРАНИ Се појави и видео-снимка од инцидентот во кој Турци избодеа Црногорец
Црногорската полиција ги повика граѓаните да останат достоинствени и да не подлегнуваат на емоциите или повиците за линч. На социјалните мрежи се вртат видеа од инцидентот, а граѓаните изразуваат револт од насилното однесување на турските мигранти, кои се повеќе ги има во земјата. Во меѓувреме, ситуацијата дополнително се заостри. На булеварот Иван Црнојевиќ во Подгорица е уништена продавница во сопственост на турски државјанин.
Во главниот град на Црна Гора, Подгорица, синоќа биле приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан, во големата полициска акција што уследи по инцидентот во населбата Забјело во Подгорица, а осуммина странци биле протерани. Во акцијата за проверка на нелегален престој, на седуммина им биле изречени прекршочни налози за кршење на Законот за странци.
Група турски државјани вчера по полноќ нападнала група жители на Подгорица, а еден од младите мажи од Подгорица добил седум убодни рани со нож.
За тешкиот напад беа уапсени И.Г. (31), државјанин на Азербејџан и Н.Д. (54) државјанин на Турција. Се товарат за насилничко однесување.
Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест.
Црногорската полиција ги повика граѓаните да останат достоинствени и да не подлегнуваат на емоциите или повиците за линч.
„Во секоја заедница има поединци кои со своето однесување го нарушуваат јавниот ред и мир, но задачата на органите за спроведување на законот е таквите појави да ги идентификува и процесира во склад со законот“, порача црногорската полиција.
Во меѓувреме, ситуацијата дополнително се заостри. На булеварот Иван Црнојевиќ во Подгорица е уништена продавница во сопственост на турски државјанин. Снимките што се појавија на социјалните мрежи прикажуваат скршени излози, запален локал и целосно уништена кујна.
Видеото објавено на Фејсбук-страницата „Очи Подгорице“ предизвика бурни реакции во јавноста, а надлежните органи истражуваат дали станува збор за одмазднички чин поврзан со инцидентот во Забјело.
View this post on Instagram
View this post on Instagram