ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО РУСИЈА? Путин подготвува 400.000 луѓе, специјалната операција сега е војна
Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Сакнау, истакнува дека сега во Русија го смениле и речникот и дека војната во Украина повеќе не ја нарекуваат „специјална воена операција“.
Русија подготвува голема мобилизација, соопшти естонскиот министер за надворешни работи Маргус Сакнау во интервју за сервисот „Гласот на Америка“ на грузиски јазик.
Сакнау истакна дека сега во Русија го смениле и речникот и дека војната повеќе не ја нарекуваат „специјална воена операција“.
-Мислам дека наскоро ќе видиме целосна мобилизација, затоа што сега го сменија и вокабуларот. Оваа агресија веќе не се нарекува специјална операција, туку војна. А ако имате војна, тогаш имате и мобилизација. Зборуваме за околу 400.000 луѓе кои ќе бидат вклучени во мобилизацијата. И јас дури и не мислам дека Путин ќе ги испрати сите во Украина. Тие исто така ги користат овие луѓе за обнова на капацитетите од другата страна на нашите граници – рече естонскиот министер за надворешни работи.