🎥 ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА ⋅ ХУТИТЕ НАПАДНАА САУДИСКИ ТАНКЕР ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ Гореше брод полн со нафта

Јеменските Хути објавија дека ги таргетирале танкерите „Енеција“ и „Лалја“ со повеќе балистички и крстосувачки ракети, со изговор дека бродовите ја прекршиле поморската блокада што тие ја наметнаа врз Саудиска Арабија.

20

Јеменските Хути рано утрово соопштија дека извршиле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, а извештаите за поморска безбедност велат дека еден од бродовите, танкерот со саудиско знаме „Енцелија“, е погоден во Црвеното Море.

Хутите објавија дека ги таргетирале танкерите „Енеција“ и „Лалја“ со повеќе балистички и крстосувачки ракети, со изговор дека бродовите ја прекршиле поморската блокада што тие ја наметнаа врз Саудиска Арабија.






Извор од поморската безбедност изјави дека танкерот „Енцелија“ испратил повик за помош, известувајќи дека бил погоден од ракета додека работел на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека гори.

Британската група за управување со поморски ризици „Вангард“ соопшти дека саудискиот танкер „Енцелија“ е погоден од непозната ракета околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија во 20 часот по Гринич.

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) соопшти дека добила извештај за инцидент во истата област, во кој се наведува дека капетанот на танкерот пријавил дека е погоден од непозната ракета што предизвикала пожар на бродот, кој екипажот го гаснел. УКТО соопшти дека нема пријавени жртви или влијание врз животната средина.

Не беше веднаш јасно дали извештајот на УКМТО се однесува на „Енцелија“, иако локацијата и деталите се совпаѓаат со извештајот на „Вангард“.

„Вангард“ соопшти дека Хутите наводно ја презеле одговорноста за нападот, како и за ударот на друг брод, „Лалја“, но овој напад не е потврден.

Извор од поморската безбедност изјави дека во моментов нема дополнителни информации за жртвите, статусот на екипажот, обемот на штетата или какво било влијание врз животната средина.



Хутите во понеделник изјавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија во Црвеното Море, потег што се заканува да ги наруши глобалните снабдувања со енергија надвор од Заливот. Во истата изјава, Хутите рекоа дека принудиле околу 10 бродови да се повлечат и да се вратат откако ги предупредиле да не пловат кон саудиските пристаништа.

Пет танкери го сменија курсот во Црвеното Море вчера, при што два го сигнализираа Суецкиот Канал како нивна нова дестинација откако Хутите ги предупредија бродовите да ги избегнуваат саудиските пристаништа, покажаа податоците за следење на бродовите.

Откако сообраќајот низ Ормускиот Теснец практично беше прекинат поради конфликтот меѓу САД и Израел против Иран, Саудиска Арабија се обиде да го пренасочи извозот на нафта преку алтернативен пат низ Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандеб. Тој пат сега е директно загрозен.

Теснецот Баб ал-Мандеб, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, е широк само 29 километри во најтесната точка. Низ неего поминуваат околу 5 проценти од светската нафта.

 

ХУТИТЕ НАЈАВИЈА ПОМОРСКА БЛОКАДА НА САУДИСКА АРАБИЈА Веднаш стапува во сила

Поврзани содржини