📽 ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНА ВО РУСИЈА  Повредени 18 лица, 6 се во тешка состојба

По експлозијата во термоелектраната во градот Шагонар е исклучено парното. Во градот моментално е 16 степени под нулата.

230

Силна експлозија се случи во термоелектрана во градот Шагонар во оддалечениот руски регион Тува, а 18 лица се повредени, изјави регионалниот шеф Владислав Ховалиг.

До експлозијата дошло во одделот за снабдување со топлина.
„Експлозијата се случи само на местото на снабдување со гориво од подвижна лента“ – објави Телеграм.






Надлежните соопштија дека во Шагонар е исклучено парното. На термоелектраната се приклучени 62 станбени згради, а снабдувањето со топлинска енергија треба да продолжи во вечерните часови. Во градот моментално е 16 степени под нулата.

Како што соопштија од регионалното Министерство за вонредни состојби, пожар со силен чад избувнал во термоелектраната Шагонар.

Во тоа време таму работеле 21 лице. Како што рече шефот на Тува, Владислав Ховалиг, никој не е повреден, но 18 лица се хоспитализирани, од кои 6 се во тешка состојба.

Пожарот е веќе изгаснат, а објектите се полеваат и демонтираат. Во Тува е воведена регионална вонредна состојба, а истрагата е во тек.

Поврзани содржини