ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГЕРМАНИЈА Облак чад над Леверкузен, издадено предупредување до граѓаните за екстремна опасност (ВИДЕО)

Германската федерална служба за цивилна заштита и помош од катастрофи (ББК) ја предупреди јавноста да ги затвори прозорците и да остане во куќите поради страв од опасно истекување на гас.

804

Голема експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен чад во воздухот, а според објавите на Твитер најверојатно станува збор за големиот хемиски и фармацетски гигант Бајер АГ.

Сѐ уште не е позната причината за експлозијата што се случи утрово околу 08:30 часот.






Германската федерална служба за цивилна заштита и помош од катастрофи (ББК) ја предупреди јавноста да ги затвори прозорците и да остане во куќите поради страв од опасно истекување на гас.

Едно лице на Твитер сподели дека почувствувал како се тресела куќата во Бергиш Гладбах, на околу 10 километри од Леверкузен.

 

Апликацијата за предупредување „Нина“ ги повика луѓето во областа Буриг да влезат во своите домови и да ги затворат сите прозорци и врати, објави „Дејли експрес“.

 

– Експлозија во Буриг, ниво на предупредување: крајна опасност – беше наведено.

 

Автопатот А1 на клучката Леверкузен-Келн е затворен за сообраќај.

Поврзани содржини