📽️ ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА СТИГНА ОД СЛОВЕНИЈА Над 4.000 специјални лепенки за повредените во „Пулс“

Од иницијативата нагласуваат дека оваа донација е уште еден доказ дека поддршката може да пристигне од најнеочекуваните места – од обични луѓе со големо срце, кои без големи зборови дејствуваат од странство.

198

Во Кочани денеска пристигнаа 407 кутии со специјални медицински силиконски лепенки „Atrauman Silicone“, со вкупно 4.070 парчиња, како дел од континуираната хуманитарна акција за помош на повредените во трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“.

Како што информираат од Граѓанската иницијатива „Support Kocani“, секоја кутија содржи по 10 парчиња лепенки, кои се наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Средствата се донација од хумани граѓани и компании од Словенија, кои се вклучија во акцијата за помош на повредените сограѓани.






– Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани, во координација со здравствените служби и согласно потребите на пациентите – истакнуваат од „Support Kocani“.

Од иницијативата нагласуваат дека оваа донација е уште еден доказ дека поддршката може да пристигне од најнеочекуваните места – од обични луѓе со големо срце, кои без големи зборови дејствуваат од странство.

– Ова е потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови – велат од „Support Kocani“.

Тие најавија дека се очекуваат нови пратки со медицински материјали и од Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани веќе се вклучуваат со поддршка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

Поврзани содржини