ГОЛЕМА БРУКА ЗА СОБРАНИЕТО Милошоски вели комисијата предводена од Адеми се претвори во Комисија за „Див Запад“

Милошоски додава дека имале конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавле да ги предложат во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и сѐ уште се актуелни.

534

Комисијата за европски прашања под раководство на пратеникот Арбр Адеми се престори во комисија за Див Запад. За жал морам тоа да го констатирам, бидејќи како претседател на комисијата не ги почитува ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред – вели претеникот од ВМРО-ДПМНЕ.






Тој додава дека имале конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавле да ги предложат во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и сѐ уште се актуелни.

– Веројатно тоа не се вклопување во неговото сценарио кога треба да почне, кога треба да заврши и кој смее и кој не смее да добие збор и гледаме дека се направи поголема тензија кадешто претседателот на комисијата почна освен со вербални напади да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности кон нашите колеги и колешки, што не му доликува на ниеден човек, најмалку на претседател на комисија за европски прашања. Сметам дека ова е уште една голема брука за Собранието, но го покажува раководењето од страна на ДУИ и СДСМ и гледаме како нивни поединци се однесуваат самоволно – изјави Милошоски.

Поврзани содржини