🎥 ГОЛЕМА БЕЛА АЈКУЛА ЗАБЕЛЕЖАНА БЛИЗУ БРЕГОТ НА СИЦИЛИЈА „Рацете ми се тресеа“, вели нуркачот што успеал да ја сними
Ремерс веднаш ја вклучил камерата и го снимил моментот, за кој се верува дека претставува едно од ретките подводни видеа од возрасна голема бела ајкула во нејзиното природно живеалиште во Средоземното Море.
Група нуркачи забележале и снимиле голема бела ајкула во близина на брегот на Сицилија во Средоземното Море, објави Еуроњуз.
Нуркачот Дерк Ремерс и неговите колеги биле ангажирани во отстранување на напуштени рибарски мрежи од бродолом на длабочина од околу 40 метри во Сицилијанскиот теснец, кога од морската длабочина се појавила возрасна единка на големата бела ајкула.
Ремерс веднаш ја вклучил камерата и го снимил моментот, за кој се верува дека претставува едно од ретките подводни видеа од возрасна голема бела ајкула во нејзиното природно живеалиште во Средоземното Море.
– Сите бевме шокирани, но и воодушевени. Прстите ми се тресеа. Стануваше збор за огромно животно и воопшто не очекувавме таква средба – изјавил Ремерс.
Според неговото сведочење, ајкулата не покажувала агресивно однесување, туку љубопитно кружела околу нуркачите пред повторно да исчезне во длабочините.
Морските биолози, кои биле консултирани по експедицијата, оцениле дека ваквото набљудување е исклучително ретко, зашто најголемиот дел од досегашните сознанија за белите ајкули во Средоземното Море потекнуваат од примероци уловени во рибарски активности.
Нуркачите посочуваат дека Сицилијанскиот теснец е едно од најинтензивно експлоатираните риболовни подрачја во Средоземното Море и дека проблемот со напуштените мрежи претставува сериозна закана за морските екосистеми.
Снимката може да ја погледнете на следниот ЛИНК.