„ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА ИЗРАЕЛ“ Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за поддршката

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава.

901

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка во одбраната на небото на Израел“, додека Израел напаѓа цели во Иран шести ден по ред.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава.






„Му се заблагодарувам поради тоа што е на наша страна и му се заблагодарувам за поддршката на САД во одбраната на небото на Израел“.

Поврзани содржини