Голем пресврт: Џони Деп доби пресуда против Амбер, таа треба да објасни каде се седумте милиони од разводот

750

Актерот Џони Деп доби пресуда во бракоразводната парница против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Откако се венчаа во 2015 година, само една година подоцна, во 2016 година, Херд поднесе барање за развод и го обвини Деп за насилство.






Деп и неговите адвокати ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека Херд се обидува да профитира од финансискиот надомест, a беше постигната спогодба од седум милиони долари, за која Херд тврдеше дека ќе ја донира на Американската унија за граѓанскa слободa и за детската болница во Лос Анџелес.

Деп сега проверува дали неговата поранешна сопруга го исполнила даденото ветување. Неговиот адвокат Андре Калдекот тврди дека донацијата била „пресметана и манипулативна лага“, која „од самиот почеток имала цел да го уништи Деп“.

Тој исто така тврди дека детската болница во Лос Анџелес во 2019 година му испратила допис на деловниот советник на Деп со цел да ги извести дека Херд не извршила никакви трансакции.

Судијата во Њујорк сега делумно го усвои барањето на адвокатскиот тим на Деп, а Американската унија за граѓанска слобода ќе мора да ги објави документите кои потврдуваат дали Херд го исполнила делот од спогодбата.

Ако се покаже дека Херд не ги донирала парите, Деп и неговиот правен тим ќе имаат силен доказа против неа во своја корист.

Да потсетиме, откако спогодбата беше постигната во август 2016 година, три години подоцна, Деп го тужеше британскиот таблоид „Сан“ поради статијата дека ја малтретирал својата сопруга, што доведе до судење во 2020 година, кое Деп го загуби.

Судијата на лондонскиот Висок суд заклучи дека Деп повеќепат ја нападнал својата поранешна парнтерка, и ја довел до тоа да стравува за сопствениот живот.

 

Поврзани содржини