ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБУВНАЛ КАЈ ЈОСИФОВО, СИЛНИОТ ВЕТАР ГО ПРОШИРИЛ КОН ПРВИТЕ КУЌИ ОД СЕЛОТО Активиран полициски хеликоптер

На враќање, хеликоптерот го надлетал и новиот пожар во Општина Росоман и им доставил информации на кавадаречките пожарникари за критичните точки. Поради намалена опасност, не била потребна воздушна интервенција. Пожарот таму е под контрола.

1,653

Денеска, во недела, во атарот на село Јосифово, Општина Валандово, избувна голем пожар на отворен простор, кој поради силниот ветар се прошири кон првите куќи во селото. Поради сериозноста на ситуацијата, по барање на градоначалникот, итно беше ангажиран полициски хеликоптер.

Со брза интервенција на пожарникарите од Валандово, со поддршка од ТППЕ Гевгелија, пожарот бил ставен под целосна контрола за половина час. Хеликоптерот не морал да интервенира, туку изврши само извидувачки летови.

На враќање, хеликоптерот го надлетал и новиот пожар во Општина Росоман и им доставил информации на кавадаречките пожарникари за критичните точки. Поради намалена опасност, не била потребна воздушна интервенција. Пожарот таму е под контрола.

Исто така, денеска избувна и голем пожар на депонијата во Визбегово, кој брзо се прошири кон околните куќи, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, пожарот е ставен под контрола, иако сѐ уште се забележува чад од внатрешноста на депонијата.

Пожарот кај село Бешиште, кој започна вчера попладне во близина на границата со Грција, и понатаму се води како активен, иако во моментот нема отворено горење.

ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО Е ЛОКАЛИЗИРАН, ЦУК БАРА ИТНО РЕШЕНИЕ ЗА ДИВАТА ДЕПОНИЈА Зафатени биле 5.000 метри квадратни, граѓаните во опасност

 

 

Ask ChatGPT
Поврзани содржини