📽️ ГОЛЕМ ПОМОР НА РИБИ ВО ГРЦИЈА Морничави снимки на плажа во Волос

Мртви риби, освен во Волос, биле забележани и во градовите Агрија, Аликес и во Неа Анхиолос, пишува voria.gr.

788

Слична ситуација е забележана и во неколку други крајбрежни места во Грција, а оваа страшна појава претставува еколошка катастрофа и закана за јавното здравје.

На лице место имало и силна, непријатна миризба која се прошири низ околината и предизвика дополнителна загриженост кај мештаните.






Покрената е истрага за утврдување на причините за оваа еколошка катастрофа.

Мртви риби, освен во Волос, биле забележани и во градовите Агрија, Аликес и во Неа Анхиолос, пишува voria.gr.

Истрагата за оваа непријатна појава е доверена на Центарот за поморска управа во Волос под покровителство на Обвинителството. Ќе се врши во специјализирани лаборатории, каде ќе се пренесат примероци од мртви риби од устието на езерото Карлас во Волос, а потоа ќе се испита можноста некоја супстанца да навлезе во организмот на рибата.

Ќе се тестира и квалитетот на водата.

Истрагата ќе се води долж целиот брег на Пагаситикос каде се пронајдени угинатите риби.

Поврзани содржини