Голем одѕив на граѓанските организации кон повикот на „Еуромакс ресурсис“
Најискрено воодушевување и благодарност до сите за позитивната и граѓански одговорна реакција на нивниот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“, изразија од компанијата.
Компанијата „Еуромакс ресурсис“ го објави списокот со граѓански организации од струмичкиот регион кои досега се пријавиле на повикот за финансирање на локални проекти во вкупна вредност до 1 милион евра.
– Најискрено воодушевување и благодарност до сите за позитивната и граѓански одговорна реакција на нашиот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“. Во охрабрувачки голем број нѐ контактирате и предлагате конструктивни идеи за приоритетни проекти за реализација сега и веднаш! – истакнаа од компанијата и при тоа споделија дел од примените предлози.
Еве дел од нив:
– Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица, „Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово.
-„Св. Климент Охридски“ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село
– „ЈУ Институт за заштита и рехабилитација“, Банско, општина Струмица.
– Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село.
– Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново-Иловица во должина од 6 километри.
– Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново.
– Проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука за систем за наводување
– Реконструкција на туристичките локалитети, еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина.
– Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини.
– Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри во општина Струмица.
– Наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството.
– Грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.
– Ајде сите да се надминеме себе си и да се обединиме околу овие благородни активности во интерес на сите жители од струмичкиот регион – да не се делиме по партиска, етничка, религиозна или која било друга различност! Потребни се позитивни дела и реални инвестиции за развој. Сега и веднаш – порачаа од компанијата „Еуромакс ресурсис“.