ГОЛ ЌЕ ДАДАТ ЛЕВАНДОВСКИ, МБАПЕ И ЖИРУ Макрон одлично типува, предвиде 3:1 за Франција

327

Францускиот претседател Емануел Макрон го погоди точниот резултат на денешниот натпревар со Полска на Светското првенство во 2022 година.

Французите победија со 3:1 во осминафиналето благодарение на погодоците на Килијан Мбапе и голот на Оливие Жиру. Роберт Левандовски постигна гол за Полска.






– Мислам дека ќе победиме со 3:1! Левандовски ќе постигне еден како Мбапе и можеби Жиру кој сака да испише историја. Третиот гол на Франција може да го постигне џокер – изјави Макрон пред натпреварот во интервју за „Le Parisien”.

Франција во четвртфиналето ќе се сретне со поуспешниот од вечерашниот натпревар меѓу Англија и Сенегал.

Поврзани содржини