После сите негативни коментари, го повлекувам статусот и упатувам апел да не се донира, објави директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов, откако пред неколку часа преку својот профил на Фејсбук побара донации од граѓаните за ново амбулантно возило.
„Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот“, напиша Гогов и само после еден час ја повлече објавата.