ГОДИШНИНАТА ОД БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН ОДБЕЛЕЖАНА САМО СО СРПСКА ИКОНОГРAФИЈА?! Остра реакција на ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски
Партијата потсетува на времето на Југославија, кога под водство на Лазар Колишевски, српската окупација не се празнувала, а тогашната македонска левица и десница ја нарекувала „зандана на народите“.
ВМРО-Народна тврди дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги искористила протоколарните проблеми со Бугарија како начин за одвлекување на вниманието од одбележувањето на 108-годишнината од битката на Кајмакчалан, кое се одржало на 22 септември, без никаква транспарентност кон македонската јавност.
Во партиското соопштение се нагласува дека церемонијата била организирана на врвот Кајмакчалан, со присуство на српски државници и потпретседателот на македонската влада. Според ВМРО-Народна партија, одбележувањето се одвивало под српски знамиња, без присуство на македонското знаме, а во говорите било избегнувано спомнување на Македонија како држава. Наместо тоа, настанот го славел српското „ослободување“ на Македонија, нарекувајќи го Кајмакчалан „врата на Кралството Србија“, додека Битола била претставена како град во тоа кралство.
Партијата изразува особено незадоволство поради игнорирањето на улогата на Единаесеттата македонска дивизија, која се борела на страната на македонските интереси против српската окупација. Според ВМРО-Народна партија, ваквото однесување ја продолжува „срамната традиција“ започната во времето на Никола Груевски, кога и тогаш окупацијата на Македонија била „славена“ од македонската власт.
Партијата потсетува на времето на Југославија, кога под водство на Лазар Колишевски, српската окупација не се празнувала, а тогашната македонска левица и десница ја нарекувала „зандана на народите“.