ГОДИШЕН РАСТ ОД 4,7% НА ЦЕНИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО Најмногу поскапел алкохолот

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 %.

28

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4,7%, но на месечно ниво тие не се променети во однос на август годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 %.






За една година угостителите најмногу поскапеле алкохолот за 9,1%, потоа храната за 7,5%  и безалкохолните пијалаци за 6,1%, но затоа пак ги намалиле цените на ноќевањата за 6,5%.

Во однос на август, пак, цените во угостителството, по групи во септември  се зголемени кај групата безалкохолни пијалаци за 0,1 %, додека кај групите храна, алкохолни  пијалаци и ноќевања не се забележани промени.

Поврзани содржини