ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВААТ 1,5 МИЛИОНИ ТУРИСТИ Турците и Србите се најбројни, кај Холанѓаните нема зголемен интерес

Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42% меѓу странските гости и со постојан раст на процентот. Бројот на српски туристи покажува забележителен подем, односно има раст од 20–30%, особено во Скопје и во Охрид.

92

Министерството зза култура и туризам соопшти дека Македонија бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Најновите податоци покажуваат 21,6 % раст во првата половина од 2025 година, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи ваквиот тренд, се очекува дека бројот ќе достигне околу 1,5 милиони странски туристи до крајот на годинава, според пресметки на локалните туристички работници. Ова би можело да донесе приходи до 500 милиони евра, поради што е важно државата и бизнисите да инвестираат во инфраструктурата, зајакнувањето на туристичките капацитети, развојот на одржливиот туризам и рамномерниот регионален развој за да го одржат темпото и да извлечат максимум корист.

Во услови на зголемен развој на туризмот, зголемен број институции и организации кои работат во делот на туризмот, како и зголемен туристички промет, а посебно имајќи ги предвид меѓународните трендови за развој на одржлив туризам, како и заложбите од страна на Владата на Република Македонија за развој на туризмот, се наметнува потребата од реформски мерки во насока на градење ефективен систем на туризмот и создавање поврзана функционална целина која има за задача да одговори на потребите на туристичката дејност и туризмот. За таа цел Министерството за култура и туризам презема низа реформски и организациони мерки, за што во моментов се одвива процес на преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и екипирање на секторот во рамки на министерството со што Министерството за култура и туризам станува адреса за обраќање за туристичкото стопанство.






„Има повеќе фактори што ја определуваат насоката на развој на туризмот. Основно што оваа Влада настојува да постигне е Македонија да стане вистинска туристичка земја, за што силно се залага Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков. А, тоа се постигнува со создавање услови со кои на еден гостин ќе му биде овозможено да дојде во допир со нашата култура, традиција и природна убавина“, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека првите четири месеци од 2025 година ја потврдуваат позитивната насока на македонскиот туризам.

„Динамиката за 2025 година ветува, Македонија се позиционира како атрактивна, достапна и гостопримлива дестинација на Балканот. Последните официјални податоци за туризмот покажуваат значителен пораст на странски туристи, и тоа во месеците кои традиционално не се сметаат за туристички пик. Овој тренд ја потврдува позицијата на Македонија како дестинација која нуди уникатни туристички доживувања во текот на целата година“, се додава во соопштението.

Туристите од Турција и понатаму се најбројни, со учество до 42% меѓу странските гости и со постојан раст на процентот. Бројот на српски туристи покажува забележителен подем, односно има раст од 20–30%, особено во Скопје и во Охрид.

Раст бележат и посетителите дојдени од Германија, Грција, Хрватска и од Романија, кои остануваат меѓу првите 10 пазари. Пазарите како Бугарија, Албанија и Словенија се стабилни, додека кај држави како Косово, САД, Италија и Холандија не се забележани значајни промени.

Поврзани содржини