ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ДОЈДЕМЕ ДО 61 ПРАТЕНИК Мицкоски жали што лани не успеале со предлогот за предвремени избори

Тој потенцираше дека иако годинава не успеале да издејствуваат предвремени парламентарни избори, оваа година ќе сторат сѐ што е во нивна моќ да се одржат предвремени избори, и наместо да има влада и премиер избрани од неколкумина, да се избере нова влада и премиер од народот.

571

Мојата порака за оваа година е да бидеме единствени, да се обединиме и да го победиме злото, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската програма на Македонската телевизија.

– Јас сум задоволен, иако секогаш може подобро и мораме да се трудиме да биде секогаш подобро. На политички план сум задвоолен. Покажавме дека не се сите исти, дека една плејада нови градоначаници на ВМРО-ДПМНЕ од различни возрасти, некои помлади, некои повозрасни, од различни професии успеаја да покажат дека не сме сите исти. Навистина се реализираа многу проекти без ниту еден скандал, што е многу важно. За Македонија е тоа многу важно без ниту еден коруптивен скандал, ниту пак обвинувања за сторен криминал и е многу важно бидејќи тоа е основата за сѐ, од тука почнуваат сите проблеми – рече Мицкоски.






Тој потенцираше дека иако годинава не успеале да издејствуваат предвремени парламентарни избори, оваа година ќе сторат сѐ што е во нивна моќ да се одржат предвремени избори, и наместо да има влада и премиер избрани од неколкумина, да се избере нова влада и премиер од народот.

– Можеби една работа недостасуваше а тоа е да успееме некако да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Но, за жал, немаме свесни 61 глас во рамки на парламентот кои што ќе го остават својот личен и партиски интерес на страна, и ќе го гледаат државниот интерес на народот во Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби или други, треба да го гледаат интересот на народот и државата. За жал, минатата година, 61 не успеавме да најдеме, се надеваме дека оваа година ќе дојдеме до 61 кои ќе го распуштат парламентот и наместо избран од неколкумина премиер, ќе имаат Влада и премиер кои ќе бидат избрани од народот и ќе имаат премиер и влада кои што ќе бидат народни. Ќе сториме сѐ што е во наша моќ тоа да го направиме – дециден е тој.

 

Поврзани содржини