ГОДИНАТА НА ЗАЈАКОТ ПОЧНА СО КРВОПРОЛЕВАЊЕ! Најмалку 10 убиени на прослава на кинеската Нова година во Калифорнија
Отпрво присутните не сфатиле дека се пука од огнено оружје, мислејќи дека станува збор за огномети.
Најмалку 10 луѓе се убиени, а 16 се ранети во масовното пукање што се случи синоќа во градот Монтереј Парк, во близина на Лос Анџелес, Калифорнија, за време на прославата на кинеската лунарна Нова година.
Според локалните медиуми, полицијата одговорила на нападот што го извршил непознат маж со автоматско оружје, но нема информација дали е тој убиен или уапсен.
Стотина илјади луѓе се собраа вчера попладне на дводневниот фестивал, кој се смета за еден од најголемите во регионот, за да го прослават почетокот на новата година, која е во знакот на зајакот.
Нападот се случил околу 22 часот по локално, односно изутринава во 6 часот по средноевропско време. Отпрво присутните не сфатиле дека се пука од огнено оружје, мислејќи дека станува збор за огномети, но откако сфатиле дека луѓе гинат, се создала голема паника. Многумина се обидувале да најдат засолниште во отворените локали, и се заклучувале внатре, а набргу дошла полицијата и пукала во напаѓачот.
Монтереј Парк има околу 60.000 жители, од кои голем дел се со азиско потекло.
⚠️ HAPPENING NOW: Devastating mass shooting in Monterey Park, California.
Reports claim +16 people shot and +10 dead. Suspect is not yet confirmed to be in custody. pic.twitter.com/YxxUc8T9VL
— Upward News (@UpwardNewsHQ) January 22, 2023