🎥📸 ГОДИНА КОГА СВЕТОТ БЕШЕ НА РАБОТ НА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА Ова се бурните настани што ја одбележаа 2024

Годината што изминува доведе до ескалација на војната меѓу Русија и Украина, интензивирање на судирите на Блискиот Исток и до подем на десницата во земјите членки на Европската унија, што, пак, предизвика политичка криза во Германија и во Франција. Републиканецот Доналд Трамп се врати во Белата куќа и најави големи промени во надворешаната политика на САД, вклучувајќи и иницијатива за окончување на војната во Украина. Ова е кус преглед на најважните настани во 2024 година, од месец во месец.

378

Јануари

Инфлацијата продолжи да расте, при што глобалните пазари забележаа нестабилност, а Меѓународниот монетарен фонд ги предупреди економиите за опасноста од глобална рецесија.






„Златниот глобус“ помина во знакот на веќе култниот филм „Опенхајмер“.

На 78-годишна возраст, почина Франц Бекенбауер, легендарниот германски фудбалер и тренер.

Февруари

Најистакнатот руски опозиционер Алексеј Навални ненадејно почина во една сибирска казнена колонија, предизвикувајќи сомнежи дека е убиен. Навални издржуваше 19-годишна затворска казна врз основа на повеќекратни пресуди, за кои тврдеше дека биле политички мотивирани. Многу западни лидери директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, што Кремљ го негираше.

На Блискиот Исток, тензиите меѓу Израел и Палестина продолжија, при што мировните напори на Обединетите нации не донесоа конкретни резултати.

Бакингамската палата соопшти дека кралот Чарлс Трети боледува од рак.

Март 2024

Шведска официјално стана нова членка на НАТО.

Во САД, претседателот Џозеф Бајден официјално објави дека нема да се кандидира за нов мандат.

На претседателските избори во Русија, Владимир Путин победи со 87,1 отсто од гласовите. Западните земји изборите ги опишаа како неслободни и нефер. Путин е на власт од 2000 година, а оваа победа ќе му овозможи да владее до 2030 година.

Прицезата од Велс, Кејт Мидлтон, соопшти дека боледува од рак и дека го започнала лекувањето.

Во Лос Анџелес се одржа 96-тото доделување на Оскарите. Најмногу Оскари освоија филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“.

Април 2024

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Реал Мадрид со спектакуларен резултат од 3:1.

Мај 2024

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Хрсијан Мицкоски триумфално победи на парламентарните избори во Македонија. Подоцна, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди (Влен) и партијата ЗНАМ ја формиораа новата македонска влада. Гордана Силјанповска Давкова убедливо го порази Стево Пендаровски на претсецдателските избори.

Словачкиот премиер Роберт Фицо преживеа атентат, иако беше погоден со четири куршуми од пиштол од непосредна близина. Фицо е лидер на левичарската проруска популистичка партија Смер, кој се залага за суспендирање на воената помош за Украина и за пријателски односи со Русија.

На Евросонг 2024 победи Немо од Швајцарија. Хрватска заврши на второто место со „Рим тим таги дим“ на Бејби Лазања.

Јуни 2024

Граѓаните на ЕУ го избраа новиот состав на Европскиот парламент, кој во однос на претходниот, има значително повеќе десничарски пратеници, иако недоволно за промена на власта. Централно-десничарската Европска народна партија остана најсилната политичка групација, по што следи централно-левичарскиот Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите. Зајакнувањето на десничарските партии, иако не во обемот што се очекуваше, беше значајно за трите водечки економии на ЕУ – Германија, Франција и Италија.

Нови немири избија во Судан, продолжувајќи ја граѓанската војна што почна во 2023 година.

Лидерите на Г-7, под италијанското претседателство, во Апулија, Италија, на 50-тиот демонстрираа единството и одлучноста и во присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија да обезбедат 50 милијарди американски долари дополнително финансирање на Украина.

Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите на лондонски Вембли ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.

Јули 2024

Европа и САД беа погодени од екстремни топлотни бранови, кои предизвикаа рекордно високи температури и пожари.

На парламентарни избори во Велика Британија убедливо победи Лабуристичката партија и се врати на власт по 14 години. Лидерот на лабуристите Кир Стармер стана премиер, откако гласачите ја казнија Конзервативната партија на Риши Сунак.

На Европското првенство во фудбал, што се одржа во Германија од средината на јуни до средината на јули, победи селекцијата на Шпанија, совладувајќи ја Англија со 2:1 во финалето во Берлин.

Август 2024

Завршија Олимпските игри во Париз, кои ќе останат во сеќавањето по спектакуларното и контроверзно свечено отворање на 26 јули. Кина и САД беа изедначени по бројот на најмногу освоени златни медали (по 40), додека САД освоија најмногу медали, вкупно 126.

Камала Харис официјално стана кандидат на Демократите за изборите за претседател на САД.

Септември 2024

Канцеларијата на американското обвинителство во Њујорк објави дека раперот Шон „Диди“ Комбс бил уапсен по повеќекратните тужби за сексуали напади.

Октомври 2024

Прогласени нобеловците за 2024 година. Нобеловата награда за мир ја доби јапонската организација Нихон Хиданкио, основана од преживеани од Хирошима и Нагасаки, која води кампања за нуклеарно разоружување. Неколку нобеловци оваа година беа наградени за развој на алатки за машинско учење и откритија во развојот на вештачката интелигенција.

Израел ја започна својата шеста инвазија на Либан од 1978 година, откако на крајот на септември го уби лидерот на Хезболах, во воздушен напад на предградието на Бејрут. Иран потоа истрела проектили врз Израел, кој возврати неколку недели подоцна.

фото: твитер/принтскрин

 

Катастрофални поплави предизвикани од бурата Борис уништија цели региони во Италија, Шпанија и Франција.

Во Франција стотици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат против назначувањето на конзервативниот политичар Мишел Барние за премиер. Гневот на демонстрантите беше отворено насочен и против претседателот Емануел Макрон, со сè погласни барања за негова оставка.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и други официјални лица присуствуваа на самитот на БРИКС во рускиот град Казан. За рускиот претседател Владимир Путин, тридневниот состанок беше начин да се покаже неуспехот на Западот да го изолира политички и економски. На оригиналните членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – неодамна им се приклучија земји како што се Обединетите Арапски Емирати, Египет, Етиопија и Иран. Статусот на Саудиска Арабија се уште е нејасен.

Ноември 2024

Во САД се одржаа претседателските избори, при што кандидатот на Републиканците Доналд Трамп ја победи Камала Харис, кандидатка на демократите. Трамп официјално се враќа во Белата куќа на 20 јануари.

По победата на Трамп, Русија распореди 10.000 севернокорејски војници на фронтот. Aмериканскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, а потоа и владата во Лондон, му дозволија на Киев да ги користи нивните ракети со долг дострел за напади на руска територија. Кремљ одговори со намалување на прагот за употреба на нуклеарно оружје, а потоа и со истрелување на нова хиперсонична ракета „Орешник“ кон Украина.

Во Украина продолжи силната контраофанзива во регионот на Донбас, при што украинските сили напредуваа, но со големи човечки и материјални загуби.

По повеќемесечни преговори, Европскиот парламент го потврди новиот состав свикување на Европската комисија. На чело на европската „влада“ дојде Урсула фон дер Лајен. Нова шефица на европската дипломатија е Естонката Каја Калас, а за процесот на проширување е задолжена Словенката Марта Кос.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека за негова заменичка е избрана Радмила Шеќеринска од Македонија, прва политичарка од Западниот Балкан на висока функција во Алијансата.

Австралија донесе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години поради загриженоста за нивното негативно влијание врз менталното здравје на младите. Платформите како ТикТок, Снепчат, Фејсбук и Инстаграм имаат една година да разработат како да се усогласат со законодавството.

Декември 2024

По молскавична 11-дневна офанзива на бунтовниците поддржани од Турција, во Сирија падна Башар Ел Асад. Династијата Асад падна по повеќе од пет децении владеење со Сирија. Башар ал Асад побегна со семејството во Русија, која му понуди азил.

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница во Париз, со мнозинство ја урнаа владата на Мишел Барние во Франција, што се смета за силен удар и врз претседателот Емануел Макрон. Тој за нов премиер го назнач Франсоа Бајру, лидерот на малата партија Демократско движење.

Во Германија падна владата на Олаф Шолц, откако тој, по несогласувањата околу буџетот, го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, лидер на либералната партија Слободни демократи. На вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 23 февруари фаворити се опозициската конзервативна коалиција на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија.

Штрајкови во „Фолксваген“, како резултат на големата криза во германската автомобилска индустрија.

Цената на биткоинот се зголеми по победата на Трамп, растејќи од околу 68.000 долари на денот на изборите до рекордни над 100.000 долари.

Албанија го отвори вториот, откако во октомври го отвори првиот преговарачки кластер за членство во Европската Унија. Така, во процесот на пристапување, Албанија се одвои од Македонија.

фото: craiyon.com

 

Србија ја заплисна досега најсилен бран на протести на студентите и на опозицијата против владата на Александар Вучиќ. Тој тврди дека протестите наликуваат на т.н. шарена револуција во Македонија.

Зоран Милановиќ убедливо победи во првиот круг на претседателските избори во Хрватска. Се очекува победата против Драган Приморац, кандидатот на ХДЗ, да ја потврди во вториот изборен круг на 12 јануари.

Серијата од неколку кобни но меѓу себе неповрзани авиоинциденти во декември заврши со уривање на авион во Јужна Кореја, при што настрадаа 179 патници и членови на екипажот, а 1 лице јма преживеа несреќата.

Поврзани содржини