ГОДИНА И 8 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ Главниот ривал на Ердоган е осуден за закана и за навреда кон обвинител

И покрај правните проблеми, Екрем Имамоглу е прогласен за официјален претседателски кандидат на Републиканска народна партија за изборите во 2028 година, но анулирањето на неговата универзитетска диплома ја доведува во прашање неговата можност за кандидатура.

142

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, е осуден на една година и осум месеци затвор во еден од случаите што се водат против него.

Судот го прогласи Имамоглу за виновен за делото јавна навреда на државен службеник при извршување на службените овластувања, конкретно кон обвинителот на Истанбул, Акн Гурлек, како и за закана. Тој доби казна од една година, пет месеци и 15 дена за навредата и уште два месеца и 15 дена за заканата. Обвинението за Поттикнување против учесници во борбата против тероризмот беше отфрлено.






Имамоглу, кој е еден од главните политички ривали на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше уапсен на 19 март под обвиненија за корупција. Судот на 23 март ја продолжи мерката притвор, а неколку дена подоцна Градскиот совет на Истанбул го суспендираше од функцијата.

На рочиштето присуствуваа неговиот адвокат, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Озгур Озел, локални партиски функционери, пратеници и неговата сопруга.

И покрај правните проблеми, Имамоглу е прогласен за официјален претседателски кандидат на ЦХП за изборите во 2028 година. Меѓутоа, анулирањето на неговата универзитетска диплома во март ја доведува во прашање неговата можност за кандидатура.

Неговото апсење предизвика масовни протести, кои се оценуваат како најголеми во Турција од 2013 година наваму

Поврзани содржини