ЕДНА ГОДИНА НЕПРЕБОЛ ЗА МАРАДОНА Еве го голот со „божјата рака“ по кој е запаметен (ВИДЕО)

„Раката на господ“ е термин кој самиот го користел Марадона за да го опише својот гол против Англија на светското првенство во 1986 година.

560

Една година непребол по фудбалскиот ас Диего Марадона навршува на денешен ден, откако аргентинецот лани на 60 години почина од срцев удар во неговиот дом по долго боледување. Ненадејната смрт на голгетерот кој со „божја рака“ ги полнеше мрежите дојде само две недели по неговото наводно успешно закрепнување во клиника во Буенос Аирес.

Марадона тогаш објави дека бил рутински опериран од тромб на мозокот, а неговиот доктор Леополдо Луке изјави дека ќе биде пуштен за 24 до 48 часа. Фудбалската легенда во својот живот имаше проблеми со дрогата и со алкохолот, преживеа два инфаркти и се разболе од хепатитис. Во 2005 година му беше направена операција на желудочен бајпас, по што загуби 50 килограми и го направи склон кон анемија.






Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња. Еве го голот против Англија даден од „божја рака“ на првенството:

Четири години подоцна во Рим, тој загуби во финалето на Светското првенство. Стана легенда и во Наполи, клуб со кој освои две скудета и Куп на УЕФА. Работеше како селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија „Ла Плата“.

Марадона почнал да игра фудбал многу млад. На 20 октомври 1976 година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), тој го одиграл својот прв натпревар за сениорите на Аргентинос Јуниорс. Така станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Три години подоцна тој беше капитен на репрезентацијата на Аргентина која во Јапонија ја освои титулата јуниорски првак на светот.

Поврзани содржини