ГО ЗАПАЛИЛ ТРАКTОРОТ, ЈА ЗАПАЛИЛ ТРЕВАТА, ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА… Штипјанец имал баксузен ден

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

443

28-годишен штипјанец во неделата пријавил дека околу 11.00 часот, во дворно место во штипското село Врсаково, додека го стартувал неговиот трактор „имт 533“, од искрење настанал пожар на сува трева од кој биле опожарен тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани содржини