📽️ ГО ВЛЕЧЕА МИНИСТЕРОТ НА НЕПАЛ СРЕДЕ УЛИЦА Уште еден инцидент на протестите на младите во земјата

Во еден момент, демонстрант со снага скока и го удира со нога, по што министерот удира во ѕид, паѓа, но веднаш се исправа и продолжува да трча. На друга снимка на социјалните мрежи е прикажано како министерот го влечат по улиците.

1,944

Министерот за финансии на Непал бил нападнат среде улица, додека младите демонстранти барале оставки и крај на корупцијата, пренесуваат светските медиуми.

Снимка објавена на социјалните мрежи го прикажува 65-годишниот Бишну Прасад Паудел како бега низ улиците на Катманду, додека разгневена група млади го брка и удира. Во еден момент, демонстрант со снага скока и го удира со нога, по што Паудел удира во ѕид, паѓа, но веднаш се исправа и продолжува да трча.

 






– Полицијата направи сè што можеше за да спречи дополнителни инциденти – изјави портпаролот на тамошната полиција Шекар Канал, додавајќи дека неколку делови од градот биле зафатени со пожари и непочитување на полицискиот час.

На друга снимка на социјалните мрежи е прикажано како министерот го влечат по улиците.

Претходно, премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, денеска поднесе оставка откако демонстрантите ја запалија неговата куќа за време на протестите.

Немирите избувнале кога владата забранила пристап до 26 социјални мрежи, но не и до ТикТок. Токму таму започнале да се шират снимките што го споредувале животот на обичните Непалци со луксузниот живот на децата на политичарите.

 

„Забраната беше повлечена, но гневот остана“, соопшти владата на Непал.

Движењето што го води генерацијата „Z“ преминало во масовни протести кои кулминирале со насилства и политичка дестабилизација. Под притисок, премиерот КП Шарма Оли, кој го започна четвртиот мандат минатата година, поднел оставка, заедно со тројца министри.

Барем 19 лица загинаа во еден од најсмртоносните судири во Непал во последните години. Според „Хималајски вести“ постојат извештаи за повреди од огнено оружје и куршуми на протестот.

Законот за забрана на медиуми не беше донесен.

Поврзани содржини