ГО ВИКАЛЕ ДИКО И ГАСОЛИНО, ГО МРАЗЕЛ ПРЕКАРОТ ПЕЛЕ Немирниот живот на трикратниот шампион кој не го призна седмото дете
Се женел трипати, а официјално е татко на седум деца, едно помалку од Марадона. Меѓутоа, Пеле одбил да ја признае Сандра Мачадо, родена во 1964 година од врска со чистачка. По петгодишна правна битка, судовите пресудиле во корист на младата жена во 1996 година. Починала во 2006 година од рак на дојка на 42 години.
Мајка му го викала Дико, а кога почнал да игра фудбал бил толку брз што го завикале Гасолино. Пеле не бил оригиналниот прекар на трикратниот светски шампион кој го напушти светот на 82 години. Едсон Арантес ду Насименто имал живот полн со угорнини и удолнини. Имал седум деца во три бракови, а не ја признал ќерката која ја имал со чистачка.
Пеле бил роден во 1940 година. Како мал имал проблеми да зборува. Мајка му неколки недели го носела на бајачки кои изговорале нешто во стилот на „Били-билу-тетеија“. Не е ни за чудо што неговиот прв збор бил „Биле“. Кога малку потпораснал неговиот татко, исто фудбалер, ќе го носи на своите натпревари со тимот Васко. Пеле по натпреварите му шутирал и му давал голови на голманот Хозе Лино кого многу го сакал.
Кога голманот му бранел, Пеле викал „Супер Биле!“ или „Одлична одбрана, Биле!“
Наместо Пеле, сакал да биде Томас Едисон?
Па така овој голман бил всушност, вистинскиот Пеле. Но, во училиште децата почнале да го задеваат малиот Едсон и да го викаат „Пеле“. Двапати бил избркан од часови затоа што удрил ученик кој го закачкал. Му требале години за да го прифати прекарот.
– Јас сум многу горд што сум крстен Едсон во чест на Томас Едисон. Ми изгледаше дека Пеле звучи ужасно, дека е ѓубре од име. А Едсон дека беше многу посериозно и важно – раскажал фудбалерот еднаш за Гардијан.
Како Биле се трансформирал во Пеле ни самиот тој не знае, но познато е дека имал проблеми со говорот и дека така почнала целата закачка.
“Everything we are is because of you. We love you infinitely. Rest in peace.”—Pelé’s daughter, Kely Nascimento 🤍 https://t.co/kbIftezAL9 pic.twitter.com/hYqxIsfgQG
— E! News (@enews) December 29, 2022
Ќерката која кралот не ја сакаше
Пеле созреал. Се женел трипати, а официјално е татко на седум деца, едно помалку од Марадона. Меѓутоа, тој одбил да ја признае Сандра Мачадо, родена во 1964 година од врска со чистачка. По петгодишна правна битка, судовите пресудиле во корист на младата жена во 1996 година.
Книгата „Девојката што кралот не ја сакаше“ е создадена од таа приказна, пред таа да умре од рак на дојка во 2006 година на само 42-годишна возраст. Неговите двајца внуци подоцна ќе го обвинат Пеле дека „ги напуштил интелектуално, морално и материјално“.
Pele, the king of futebol has passed away.
Sadly many will remember him for being indifferent to a daughter pleading for him to visit her while she too died of cancer at just 42.
While his PR team highlights how he transformed the world with love, Sandra Machado was denied this pic.twitter.com/lbaEFlCE7p
— Bianca Santos (@BiancaOSantos) December 29, 2022
Заминал за Њујорк со првата жена
Од првиот брак со Роземери Чолби во 1966 година, му се родија три деца – две девојчиња, Кели Кристина во 1967 година и Џенифер во 1978 година и момче Едињо во 1970 година. Во тоа време Пеле ја имал и ќерка Флавија, резултат на вонбрачна врска во 1968 година со новинарката Ленита Курц. За разлика од Сандра Мачадо, тој ќе ја признае во 2002 година.
Официјалното семејство се населило во Њујорк во 1975 година по преселбата на Пеле во Космос. Трите деца ќе останат таму со својата мајка по разводот на нивните родители во раните 80-ти.
🗣️ “My first wife, my first girlfriend, knew all about it. I never lied to anyone.”https://t.co/HZuJLEyykb
— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) December 30, 2022
Синот кој од голман станал дилер
По разводот, Пеле се вљубил во Ксукса, млада манекенка. Тие се забавуваа речиси седум години, но Ксукса рече дека врската завршила, бидејќи немало повеќе љубов. По враќањето во Бразил на 16-годишна возраст, синот на Пеле се зближил со својот татко. Тој се обидел да биде голман, но неговите правни проблеми, а не фудбалот го направиле славен.
Синот бил осуден на речиси 13 години затвор во 2017 година за перење пари од дрога. Тој беше затворен неколку пати пред да биде условно ослободен на крајот на 2019 година. Сега е технички директор на клуб во Лондрина, во јужната држава Парана.
Со Асирија имаше две деца
Вториот брак на Пеле, со психологот и пејачка Асирија Лемос Сеиксас, започна во 1994 година. Две години подоцна, тие станаа родители на близнаците Џошуа и Селест. Двојката се раздели по тринаесет години брак. Во 2020 година неговата поранешна сопруга покрена правна постапка за неплаќање алиментација.
Трета шанса за романса на 75 години
Во 2016 година, тогаш на 75-годишна возраст, Пеле се ожени по третпат со Марсија Цибеле Аоки, 42-годишна бизнисменка која ја запозна во Њујорк во 80-тите години од минатиот век, а потоа повторно ја сретна во лифт во Сао Паоло во 2010 година. Третиот брак фудбалската легенда го опиша како „дефинитивна љубов“.
Без Пеле нема Нејмар, пред него бројот 10 беше само бројка
Нејмар, главната бразилска ѕвезда на денешницата, со која има многу паралели, сега се прости од Пеле.
Двајцата ја започнаа својата голема кариера во Сантос. Кога Нејмар се појави како брутално талентиран млад човек со убиствени дриблинг, споредбите со Пеле беа неизбежни.
Нејмар се уште не успеал да му ја донесе на Бразил титулата светски првак, но за Селекао постигна исто толку голови како и Пеле – 77.
„Пред Пеле, „10“ беше само бројка. Го прочитав тој израз некаде, во одреден момент од мојот живот. Но, таа реченица е убава и нецелосна. Би рекол дека пред Пеле фудбалот беше само спорт. Пеле промени се. Фудбалот е претворен во уметност, во забава. Им даде глас на сиромашните, црнците и особено: му даде видливост на Бразил. Фудбалот и Бразил го подигнаа својот статус благодарение на кралот! Замина, но неговата магија ќе остане. Пеле е ВЕЧНО!” – изјави Нејмар преку Инстаграм.
Клубот Сантос стави круна на амблемот во чест на Пеле
Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем.
Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево.
Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот.
Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос.
Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.

Ѕвездите се збогуваа со богот на фудбалот
Неговото заминување потсети нa изјави на претседатели, рок ѕвезди и уметници, кои имаа можност да го запознаат единствениот фудбалер во историјата со освоени три светски титули.
„Апсолутно сите сакаа да се ракуваат и фотографираат со него. Да речеш дека си се забавувал со Пеле беше најголема чест“, рече во една прилика легендарниот фронтмен на Ролинг Стоунс, Мик Џегер.
#RIPPele
“O Rei” Pelé & Mick Jagger pic.twitter.com/RFjIEmjrrI— Lazy Stardust (@LazyStardust5) December 29, 2022
„Да се гледа како игра значеше да се гледа одушевено дете во комбинација со извонредна грациозност на возрасен човек”, рече за легендарниот Бразилец, јужноафриканскиот борец за човекови права и поранешен претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.
„Моето име е Роналд Реган, јас сум претседател на Соединетите Американски Држави. Но, ти не треба да се претставуваш, бидејќи сите знаат кој е Пеле”, беа зборовите со кои поранешниот американски претседател Реган го пречека Пеле на Белата куќа во 1982 година.
Неговата прва посета на Белата куќа се случи во 1973 година кога се сретна со Ричард Никсон, кој една година подоцна беше принуден да поднесе оставка. Со текот на годините Пеле имаше средби и со американските претседатели Џералд Форд, Џими Картер, а пред неколку години и со Барак Обама.
Американскиот актер и хип-хоп пејач Вил Смит, исто така, му одаде почит на Пеле.
„Најголемиот кој некогаш тоа го направил. Почивај во мир кралу Пеле”, напиша Смит на социјалните мрежи на заедничка фотографија со легендарниот фудбалер.
Never forget that Pele taught Sylvester Stallone how to play goalie. pic.twitter.com/jNiRuCvbrS
— David Marcus (@BlueBoxDave) December 30, 2022
Прославениот американски актер Силвестер Сталоне имаше можност да глуми со Пеле во филмот „Победа” од 1981 година, а Пеле на холивудската ѕвезда му повреди прст од раката додека изведуваше пенал при снимањето на филмот „Бегство во победа”.
„Пеле Велики, почивај во мир! Ова беше добар човек”, напиша Сталоне.
„Најголемиот игра во историјата беше Алфредо ди Стефано. Одбивам да го класифицирам Пеле како играч. Тој беше над тоа”, рече славниот унгарски фудбалер Ференц Пушкаш.
Легендарниот холандски фудбалер и тренер Јохан Кројф за Пеле рече дека тој е „единствениот фудбалер кој ги минал границите на логиката”, додека славниот португалскиот фудбалер Еузебио во една прилика го спореди Пеле со Бог. „Постои Пеле човек, а потоа Пеле играч. Да играш како Пеле значи да играш како Бог”.
Три дена ќе се жали по Пеле, погребот ќе биде како на кралицата Елизабета
Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на фудбалската легенда Пеле, јави денеска порталот G1, повикувајќи се на декрет потпишан од бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро. Погребната церемонија ќе почне в понеделник, на 2 јануари во 10 часот по локално време на стадионот на Сантос во Сао Паоло, каде почна кариерата на Пеле во 1956 година, јавуваат бразилските медиуми.
Телото на Едсон Арантес до Насименто Пеле ќе биде изложено 36 часа на теренот каде ќе може да му се одаде последна почит на трикратниот светски првак во репрезентацијата на Бразил. Погребот ќе се одржи на 3 јануари.
Медиумите наведуваат дека подготвени се протоколи слични на оние кои беа на сила при смртта на британската кралица Елизабета.
По последното испраќање на легендарниот Пеле на стадионот на Сантос, поворката со телото во придружба на полицијата ќе мине низ улиците на пристанишниот град Сантос. Погребната поворка ќе мине и покрај куќата која сè уште живее мајката на Пеле, Селеста Арантес, која неодамна го прослави својот 100. роденден.
Пеле во вторник ќе биде погребан по негова желба на гробиштата Меморијал Некропола Екуменика, каде се погребани и неговите роднини и пријатели.
Погребот ќе биде затворен за јавноста и на него присуствуваат само членови на потесното семејство и блиски пријатели.
ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ИГРАЛЕ ПРОТИВ ПЕЛЕ ВО 1968 ГОДИНА Едниот постигнал гол во седмата минута! (ВИДЕО)