ГО УБИВМЕ ШЕФОТ НА ГАРДАТА, ТВРДИ ИЗРАЕЛ Kои челници на Иран досега загинаа во војната?
Израел тврди дека ликвидирал уште еден висок командант на Револуционерната гарда во Техеран. Нападите се дел од поширока кампања што го таргетира врвот на политичкото и военото раководство на Иран.
Израелската војска соопшти дека во воздушен напад врз Техеран е убиен командант од врвот на Иранската револуционерна гарда. Станува збор за Асгар Багери, кој ја водел единицата за специјални операции на силите Кудс од 2019 година.
Според израелските тврдења, тој бил вклучен во операции насочени кон израелски и американски цели низ регионот.
„Клучен човек на Кудс“
Израелскит одбранбени сили ИДФ соопштија дека израелските воздухопловни сили го ликвидирале Багери, кој имал високи позиции во рамки на елитната единица.
Силите Кудс се задолжени за координација на иранските сојузници, вклучувајќи ги Хезболах и Хутите.
🔴ELIMINATED: Asghar Bagheri, Commander of the Quds Force’s Special Operations Unit.
In recent years, Bagheri advanced numerous attacks against both Israel and worldwide.
In addition, Bagheri personally commanded operations targeting IDF soldiers on the Syrian-Israel border. pic.twitter.com/Hnsbdk57J2
— Israel Defense Forces (@IDF) April 6, 2026
„Уште еден удар врз врвот“
Ова доаѓа откако Израел претходно објави дека го ликвидирал и шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда, Маџид Хадеми.
Со тоа, според израелските извори, продолжува серијата напади врз врвот на иранските безбедносни структури.
„Кои се ликвидирани досега“
Од почетокот на војната, крајот на февруари, нападите се насочени кон највисокото раководство на Иран. Убиен е врховниот лидер Али Хамнеи, кој ја водеше земјата од 1989 година, по што функцијата ја презеде неговиот син Моџтаба Хамнеи.
Меѓу ликвидираните се и Али Лариџани, клучен политички фактор, министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, како и Али Шамхани, советник за безбедност.
„Тешки загуби во војската“
Иран претрпе сериозни загуби и во военото раководство. Убиени се командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур, министерот за одбрана Азиз Насирзаде и началникот на Генералштабот Абдолрахим Мусави.
Во нападите се ликвидирани и команданти од поморските и паравоените структури, вклучувајќи го Голамреза Солејмани и Бехнам Резаи.
„Системско слабеење“
Со овие удари, Израел и САД се обидуваат да ја ослабат способноста на Иран да координира воени операции во регионот.
И покрај серијата ликвидации, борбите продолжуваат без знаци на смирување.