ГО УБИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ГО ПЕРЕЛ АВТОМОБИЛОТ Трагедија во Србија
47-годишниот маж користел машина за перење под висок притисок, а стоел на тревата, која била мокра.
Маж во Србија загина од струен удар додека го перел автомобилот.
Несреќата се случила вчера попладне во Мала Моштаница во близина на Обреновац, а загина 47-годишниот Бојан Ќ. од Земун, објавија српските медиуми.
Тој бил во посета на пријател и решил да го измие автомобилот во дворот. Користел машина за перење под висок притисок, а стоел на тревата, која била мокра.
Во моментот кога го вклучил електричниот уред, го удрила струја. Пријателите веднаш повикале брза помош во Здравствениот центар Обреновац. Медицинска екипа брзо пристигнала на местото на настанот, но на човекот не можело да му се помогне, оти веќе бил мртов.
Полицијата извршила увид на лице место. Не е наредена обдукција, затоа што е утврдено дека смртта настапила како последица на несреќа.