ГО УБЕДИЛ ДЕКА ЌЕ МУ НАЈДЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО, ПА МУ ГИ ЗЕЛ ПАРИТЕ Измамен жител на неготинско село за 77.461 денар

Според пријавата, 39-годишниот оштетен стапил во контакт со измамникот преку група на социјална мрежа, наменета за посредување за вработување во странство. По онлајн комуникацијата, разговарале и телефонски, при што лицето му дало лажни ветувања дека ќе му обезбеди работа.

220

Жител на неготинско село останал без 77.461 денар откако бил измамен од непознато лице што му ветило работа во странство. Случајот бил пријавен вчера напладне во полициската станица во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавата, 39-годишниот оштетен стапил во контакт со измамникот преку група на социјална мрежа, наменета за посредување за вработување во странство. По онлајн комуникацијата, разговарале и телефонски, при што лицето му дало лажни ветувања дека ќе му обезбеди работа.






Од месец февруари, па сè до моментот на пријавувањето, во неколку наврати му уплатувал пари преку банка, верувајќи дека ќе добие ангажман надвор од земјата. Меѓутоа, откако не добил никакви повратни информации и сфатил дека нема резултати, пријавил дека станува збор за измама.

Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани содржини