ГО ТЕРАА НОВАК ДА ПОТПИШЕ ДЕКА СЕ ОТКАЖУВА ОД ВИЗАТА Се боревме за правда и победивме!

Се обидоа да го натераат да потпише дека се откажува од визата, за полесно да можат да го депортираат. Тој одби бидејќи знаеше дека нема причина да го направи тоа. Ова е страшно голема, огромна победа за Новак, рече Срѓан Ѓоковиќ, татко на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

1,072

Се обидоа да го натераат да потпише дека се откажува од визата, за полесно да можат да го депортираат, рече Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ на денешната прес-конференција.

Срѓан, заедно со другиот син Ѓорѓе и сопругата Дијана, соопштија дека Новак победил во судењето и дека жалбата му е усвоена, па визата за престој во Австралија му е вратена.






– Судијата кој го водеше случајот на Новак, покажа дека син ми не е виновен. Судијата Кели заврши неверојатна работа, ги согледа сите детали и ја донесе правдата. Се надевам дека повторно ќе се собереме тука за три седмици да ја прославиме новата титула на Новак. Се обидоа да го натераат да потпише дека се откажува од визата, за полесно да можат да го депортираат. Тој одби бидејќи знаеше дека нема причина да го направи тоа. Ова е страшно голема, огромна победа за Новак. Му го одзедоа телефонот, не му дадоа да контактира со било кој, ниту со адвокатите кои подготвија неверојатна одбрана. Ова е победа на Новак, неговиот тим и целиот слободоумен свет – рече Срѓан Ѓоковиќ.

И Ѓорѓе Ѓоковиќ се заблагодари на огромната поддршка од целиот свет.

– Новак е голем победник, спортист и шампион. Тој веќе беше на теренот, работеше и тренираше. Новак е чесен, исклучителен човек и навистина сум среќен и задоволен поради тоа што победи правниот систем на Австралија. Тешко е да го браниме нашиот брат или син, а да не навредиме никој. Новак направи апсолутно сè за да ја покаже вистината. Благодарност до Австралија, судијата Кели кој беше објективен и ги согледа сите сегменти на случајот – кажа Ѓорѓе.

Мајката на првиот светски рекет, Дијана Ѓоковиќ, призна дека била загрижена за својот син.

– Дојдовме за да ја прославиме победата на нашиот син. Новак не е виновен, тој не направи ништо противзаконско. Ништо не направи погрешно, ги испочитува сите процедури, а пак доживеа тортура. Секако дека се крена против таковиот систем, бидејќи смета дека заслужува престој со визата која ја доби. Никогаш не сме се соочиле со вака тешка ситуација. Бевме во позиција да не знаеме што се случува со него, дали е добро… Тоа се работи кои една мајка не може да ги преброди. Ова е негова најголема победа во кариерата, поголема од сите на теренот – кажа неговата мајка.

Ѓоковиќ веќе се врати на тренинзите и се подготвува за настап на Австралија Опен. Во Мелбурн има шанса да стане најтрофеен тенисер на Грен слем турнирите и да ги надмине Федерер и Надал.

Поврзани содржини