ГО СОБОРИЛ, ГО УДИРАЛ СО КЛОЦИ, ПА МУ ГИ ИСПРАЗНИЛ ЏЕБОВИТЕ 16-годишник обвинет за разбојништво

На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари, информира Обвинителството.

172

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик.

„На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари. Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи“ – се вели во соопштението ја Обвинителството.






Јавниот обвинител до Судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

 

Поврзани содржини