ГО РОДИЛА, ПА СИ ЗАМИНАЛА Мајка го оставила новороденчето во велешката болница

Жената доброволно ја напуштила болницата веднаш по породувањето, оставајќи го бебето без родителска грижа.

391

Полицијата поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес, откако го оставила своето новородено бебе во болница веднаш по породувањето.

Според информациите од СВР Велес, жената се породила на 1 февруари годинава во ЈЗУ Општа болница Велес. Набргу потоа, таа со потпис доброволно го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го новороденчето без родителска грижа.






Случајот бил пријавен во полиција, по што била покрената постапка поради сомнение за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Поврзани содржини