ГО РАЗОТКРИ ПРИКРИВАЊЕТО НА САРС, ПОЧИНА ОД ПНЕУМОНИЈА Кинескиот доктор Џианг беше херој и критичар на власта

Џианг тогаш рабиотел во болница во Пекинг и решил да напише писмо во кое вели дека знаел дека повеќ од 100 луѓе имале Сарс, а не само неколку случаи како што тврдело кинеското Министерство за здравство. Ова писмо помогнало веднаш да биде воведен карантин и да се сочуваат човечки животи.

1,141

Кинескиот доктор кој алармираше дека се прикрива епидемијата со вирусот Сарс во 2003 година почина од пнеумонија на 91 година во саботата во Пекинг, ги пренесува Би-Би-Си кинеските медиуми. Џианг Јанјонг стана познато откако ги искритикува тогашните власти во Кина дека прикриваат дека имало само неколку случаи од оваа смртоносна болест.

По објавувањето на писмото властите морале да признаат дека почнала епидемијата. Бил отпуштен министерот за здравство и веќе во текот на ноќта истиот ден бил воведен карантин.






– Почувствував дека морам да откријам што се случува, не само за да ја спасам Кина, туку и да го спасам светот – рече тој за своите постапки.

Тогаш, во 2003 година, Сарс зарази повеќе од 8.000 луѓе ширум светот, а 744 од нив починале, според Светската здравствена организација. Џианг во писмото напишал дека знаел дека повеќе од 100 луѓе биле заразени со акутниот вирус.

Следната година, Џианг пак напишал писмо. Овојпат тој ја повикал Комунистичка партија на Кина да признае дека било погрешна репресијата на плоштадот Тијананмен во 1989 година, кога стотици, можеби илјадници цивили беа убиени. Џианг тогаш работел како хирург. Тој опишува како власта бескрупулозно користела митралези и тенкови.

Исто така, во 2019 година, тој му пиша на кинескиот претседател Си Џинпинг за да го осуди злосторството.

Доктор Џианг е роден во 1931 година во богато банкарско семејство. Се запишал на медицина кога видел како неговата тетка умира од туберкулоза.

Поврзани содржини